Панос Каменос “пророкува”: Ако Грција излезе од еврозоната, следните се Шпанија и Италија

од desk3
129 прегледи

Ако Грција излезе од еврозоната, следните ќе се Шпанија и Италија, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

“На Грција не и се дава можност да излезе од еврозоната. Тоа е нелегално. Ако ние излеземе, тогаш следните ќе бидат Шпанија и Италија. Во наредната фаза тоа ќе го стори и Германија. Затоа мора да најде пат за да останеме во еврозоната, но овој пат не треба да се тераат Грците постојано да плаќаат “, изјави Каменос, водач на малата десничарска Независна партија, коалициски партнер на владејачката левица СИРИЗА.

0363219001422267779_461979_600x458_actualno

“Што се однесува до т.н.. Програми за помош, обичните Грци немаат пристап до овие пари. Во речиси целосен обем средствата пристапуваат во банките. Луѓето се без работа, а цените продолжуваат да растат”, забележува Каменос. “Загубивме големи суми како резултат на санкциите на ЕУ против Русија, каде извезуваме речиси 70% од земјоделската продукција. Туризмот е важен за Грција, а 25% од туристите се Руси”.

“Унијата е должна да ни плати компензација за оние колосални загуби поради санкциите против Русија. Во спротивно ние ниту сакаме, ниту можеме да си дозволиме да учествуваме во санкциите кои ја уништуваат нашата економија”, вели во заклучокот Каменос, кој порано се закани дека ќе ослободи “бран од економските мигранти и џихадисти”, со кои ќе ја поплави Европа, ако Еврозоната не ги повлече наметнатите барања за штедење на Атина.