Претседателските кандидати во Бугарија, Лозан Панов вели дека темата за Македонија не се избегнува од нивните политичари, некои политичари ја користат за да добијат повеќе гласови.
-Прашањата од историјата се многу емотивни и им се пристапува со голема емоција но треба да разговараме без агресија, да дозволиме разумот да говори, а кога разумот говори тој зборува тивко. Ако сакаме да градиме мостови тоа е единствениот европски начин на функционирање, вели за Утрински Брифинг, Панов.
Во врска со меѓусебните односи на двете држави кои се влошија откако Бугарија го блокираше евроинтегративниот процес на Македонија, Панов коментира:
-Јас сум единствениот кандидат кој ја посетува Македонија. Ако сакаме да градиме мостови тоа е единствениот европски начин на функционирање. Тука сум да дадам подадена рака кон вас и да не зборувам со говор на омраза. Тоа не води никаде.Емоцијата треба да се канализира, треба да разговараме без агресија. Треба да се научиме да ги слушаме спротивставените тези, со разум. Секоја шанса треба да се искористи. Јас сум за тоа да продолжат разговорите и има луѓе кои се спремни за дијалог, вели Панов.