Пановски дел од новата политичка коалиција: „Ќе ја искористиме мојата популарност, под ризик и да ја потрошиме“

од Берта Китинска
546 прегледи

ЛДП и ДОМ вчера во Градскиот парк го промовираа новото граѓанско движење на центарот.

„Ние сме прогресивни партии отворени за соработка со граѓанскиот сектор и граѓанските иницијативи, сметаме дека е тоа една демократизација на општеството и вилајние на граѓаните особено кога се оденсува на локалната, самоуправа, советите градоначалниците“,рече лидерката на ДОМ,Маја Морачанин.

Покрај претседателите на двете партии, Маја Морачанин и Горан Милевски,вчерашната промоција на ова се обрати и познатиот микробиолог, Никола Пановски.

„Знам дека многу од вас ќе речат, еве сега овој ќе си ја продаде популарноста за партиски интереси. Не. Ако сакав да профитирам ќе прифатев или ќе се понудев на една од двете големи партии и ќе гребев со сила да одиме заедно со СДСМ на избори и јас да бидам еден од кандидатите за градоначалник. Ни на крај од паметот не ми беше тоа да го направам. Македонија е поделена земја по сите основи. СДСМ и ДПМНЕ се мразат од дното на душата, нема дијалог, нема аргументи, се гази вистината, кажа Пановски.

Тој напомена дека дисциплинирањето на лекарите и раководењето на здравствените установи под политички диктат довел до страшен молк на интелектуалците.

„Затоа ќе се приклучам и ќе ја искористиме мојата популарност, под ризик и да ја потрошиме истата, со цел да му дадеме на народот можност да избира, да гласа ’за‘, а не да гласа ’против “, порача Пановски.

Слични содржини