260
Бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот, изјави епидемиологот д-р Никола Пановски во денешното гостување на Сител.
„Да речеме ако денска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на ново заразени потоа и на смртни случаи“, истакна Пановски