„Се на се е најавено дека во земјава ќе стигнат 1,4 милиони вакцини во текот на 2021 година, што значи дека околу 700.000 граѓаните би се вакцинирале. Оваа бројка на 110 илјади пријавени граѓани е премногу. Ако вака остане, ако не се свеста луѓето, ќе треба да фрлиме. Тоа е мала бројка на пријавени“, вели микробиологот, Никола Пановски за емисијата „Само вистина“.
Според него, на 400 милиони вакцинирани во светот, граѓаните кај нас се уште прашувааат дали ќе умрат од вакцината, па затоа е мал бројот на пријавени.
За немањето вакцини, Пановски смета дека виновни се и нашите власти, но и Ковакс системот.
„Народот сака резултати. Факт е дека ги нема. Мислам дека властите требаше да се извинат затоа што шпекулираа досега“, потенцира микробиологот.