Пановски: Кинеската вакцина е класична и наменета за мртов вирус, не подложи на модерна технологија

Во рамки на синоќешното интервју, Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека не е исклучена можноста за набавка на вакцини од кинеските фармацевтски компании „Синовак“ и „Синофарм“, додека вакцините од Фајзер се уште се очекува да пристигнат преку Ковакс механизмот.

Во таа насока, Д-р. Никола Пановски посочи дека вакцината од „Синофарм“ е класична вакцина произведена од мртов вирус, и не минала низ филтрација на новата технологија. Тој истакна и дека детали околу самите вакцини кои со сигурност може да се потврдат ќе се знаат за две-три години.

„Некој лани да ми речеше дека би требало да се вакцинирам со вакцина од Истокот, веројатно ќе беше навреда, а сега излегува дека тоа е добра опција“, истакна Пановски додавајќи дека во однос на вакцините можеме да се потпреме и на истокот и земјите како Индија и Кина кои се гиганти.

„На квалитетот на вакцината треба да се гледа како за некој друг бренд. Производите им се рамни на западните, се надевам дека и вакцините се такви, квалитетни. Според ова што го гледаме како се справува западот, не треба источните опции да се отфрлаат. Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам“, додаде докторот.

Слични содржини