Пановски: Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцина, џабе е

од Nikola Popovski
446 прегледи

Јас сум воопшто против сертификати. Дека прележаните не треба да се вакцинираат, односно ако веќе се вакцинираат треба да се вакцинираат со една доза, кажано е повеќе пати, стои во објавата на д-р Никола Пановски.

Според него, властите тоа го имаат чуено повеќе пати и преку медиумите и преку социјалните мрежи.

-Значи мислењата и препораките се дадени одамна, не се прифатени од власта. СЗО или не знам кој рекол, прележаните на вакцина по еден месец!!! Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцина, џабе е. Ако не биле високи, со првата доза одат високо, не вреди, морало втора доза за да се добиел аусвајсот!!!! Во исто време добар број вакцинирани немаат антитела, очигледно можат да го шират вирусот, но пусулче ќе добијат“, истакнува Пановски.

Слични содржини