Пановски: Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцина, џабе е

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Јас сум воопшто против сертификати. Дека прележаните не треба да се вакцинираат, односно ако веќе се вакцинираат треба да се вакцинираат со една доза, кажано е повеќе пати, пишува д-р Никола Пановски на својот Фејсбук профил.

„Властите тоа го имаат чуено повеќе пати и преку медиумите и преку социјалните мрежи. Значи мислењата и препораките се дадени одамна, не се прифатени од власта. СЗО или не знам кој рекол, прележаните на вакцина по еден месец!!! Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцина, џабе е. Ако не биле високи, со првата доза одат високо, не вреди, морало втора доза за да се добиел аусвајсот!!!! Во исто време добар број вакцинирани немаат антитела, очигледно можат да го шират вирусот, но пусулче ќе добијат“, вели Пановски.

Слични содржини