270
„Ние ја препишуваме западната медицина, која во пандемијата потфрли катастрофално и за тоа треба да се види зошто. Занзибар досега има три позитивни случаи и нема починати, а Танзанија има 509 случаи и 21 починат. Бројките се тие, колку тие и да ги кријат. Кога ќе ги соберете С. Америка, цела Европа и Јужна Америка имаат 14 пати поголема смртност“, посочи микробиологот Никола Пановски за емисијата „Вин-вин“.
Според него, матичните лекари за година дена не добиле протоколи за да се спасат од стравот на давање антибиотици под секоја цена.
„Тие ги даваат за да се покријат и знаат дека тоа што го даваат не вреди, а државата и здруженијата сите молчат за да се направи еден протокол за лекување“, вели Пановски.