360
Микробиологот Никола Пановски смета дека новото зголемување на бројката на заразени се должи на британскиот сој кој полесно се шири.
„Другиот дел е затоа што секогаш кога бројките паѓаат, народот се опушта. После тоа му треба некој шок за да се свести и се надевам дека нема да дојде до многу полоша состојба“, вели Пановски за емисијата „Само вистина“.
Тој рече дека не очекува дека ќе има рестриктивни мерки, туку дека ќе има апели за повеќе почитување и користење на заштитни средства.
„Смета дека 2 метри физичка дистанца е малку, треба да биде повеќе. Од здравствен аспект би ги затворил рестораните, а за казината и обложувалниците не би размислувал ни две минути. Сепак, економски тоа не е изводливо“, рече макробиологот.