Пановски: Овие бројки се резултат на мутацијата на коронавирусот

Дека бројките се резултат на мутација на вирусот смета доктор, Никола Пановски.

Имено, тој вели дека тоа што само минатиот месец бројот на корона-позитивни е безмалку идентичен на вкупно регистрираните за цели седум месеци, е всушност мутација на вирусот.

Пановски исто така, посочува дека бранот очекуван за во јануари нема да го има, но се зависи од тоа граѓаните колку се дисциплинирани, да се се собираат по повод куќните слави и новогодишните прослави.

Инаку за потсетување, Велика Британија е првата земја во светот што најави старт на вакцината, а дел од првата доза ќе ја примат веќе уште утре.

 

Слични содржини