Пановски: Со 400.000 вакцини ќе биде постигнат заштитен резултат од Ковид 19

Д-р. Никола Пановски во своето гостување во „Само вистина“, потенцира дека со 400 000 вакцини може да се постигне заштита од Ковид-19.

До март,според Пановски, кога се очекува да стигне вакцината против коронавирусот, 600 000 граѓани на некој начин, ќе имаат стекнато имунитет на болеста, затоа што ја прележале на некој начин, со или без симптоми.

Имено, Пановски вели дека ако се вакцинираат уште 400.000 илјади луѓе, за кои веќе е обезбедена вакцината во две дози, тоа ќе биде доволно за да се смета дека населението е заштитено.

„Се чудам како е можно граѓаните да одбиваат да се вакцинираат, бидејќи вакцините имале нус ефекти, а не го читаат упатството за употреба на антибиотици“, посочува Пановски.

Исто така, летото идната година ќе биде порелаксирано од ова што го поминавме, но дека маски ќе продолжиме да носиме од страв, а не од некоја реална оправданост.

Слични содржини