Паоло Малдини веќе е излекуван од коронавирусот

од Nikola Popovski

Легендата на Милан и актуелен директор во клубот, Паоло Малдини веќе е целосно опоравен од коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Така, поранешниот дефанзивец може да се врати на раководната функција кај „росонерите“.

Пред неколку дена неговиот син Даниел Малдини, играч на тимот, потврди исто дека е и здрав, откако бил заразен заедно со неговиот татко.

Слични содржини