
Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт уживаа во одличниот одмор во Австралија, со тоа што не пропуштаа ниту еден ден од сончевите зраци на Бајрон Беј. Папараците беа беспрекорно блиски со парот и успеаја да ги снимат за време на семејните ручеци, така и кога парот се наоѓаше и меѓу брановите.
Miley покажа завидна форма која беше обележана со бел костим за капење во два дела, а кадрите покажуваат дека парот поминал многу часови во водата. А, тој како вистински кавалер, Лиам ја носеше својата „сакана“.

Локалните медиуми забележале дека Сајрус се грижела за нејзината кожа со тоа што се третирала со лосиони за сончање со висок фактор.
Сепак обожавателите на двојката, повеќе ги интересираше темата на нивната венчавка, која ги преплави страниците на австралиските медиуми. Се шпекулираше дека нивниот одмор во домот на Лиам бил подготовка за претстојниот брак.
