Папата: Абортусот е убиство, нема да ги признаеме геј браковите

од Nikola Popovski
231 прегледи

Папата Франциск го осуди абортусот како убиство и ја отфрли можноста Католичката црква да дозволи истополови бракови.

Новинарите му поставија серија прашања на Папата за време на патувањата низ европските земји, при што тој ја повтори својата позиција за абортусот и истополовите бракови.

„Бракот е светo нешто и Црквата нема овластување да го промени“, рече Папата.

Тој вели дека е важно да им се помогне на луѓето со друга сексуална ориентација, но без наметнување работи на Црквата што не функционираат таму.

„Ако двајца од ист пол сакаат да живеат заедно, владите можат да го поддржат со граѓански церемонии. Но, бракот е брак“, рече Папата.

Тој додава тоа не значи осуда и дека секој треба да се почитува. „Сепак, не ја присилувајте Црквата да ја негира својата вистина“, вели тој.

„Абортусот е убиство“

„Абортусот е повеќе од проблем. Тоа е убиство“, смета папата. Се работи, научно кажано, за човечкиот живот, затоа Католичката црква е толку строга по тоа прашање, објасни тој. Папата Франциск ги коментираше и бискупите во САД кои сакаат да ги спречат разговорите со американскиот претседател Бајден поради неговиот либерален однос кон абортусот. Тој рече дека бискупите треба да бидат бискупи и дека прашањето треба да се реши на пасторален начин, бидејќи во спротивно таквите прашања веднаш ќе станат политички.

Слични содржини