329
Папата Франциск изрази сочувство за загубата на животи и уништувањето предизвикано од шумските пожари на Хаваите.
„Папата Франциск е длабоко тажен кога дозна за загубата на животи и уништувањето предизвикано од шумските пожари на хавајскиот остров Мауи“, се вели во телеграмата испратена од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин до апостолскиот нунциј во Соединетите држави, надбискупот Кристоф Пјер, пренесува Vatican News.
Папата, исто така, ја изрази својата „солидарност со сите оние кои страдаат од оваа трагедија, особено со оние чии најблиски загинаа или се исчезнати“.