Папата Франциск во делови од интервјуто објавено денеска за швајцарската телевизија RSI, која емитува програма на италијански јазик, навел дека војната во Украина „е поттикната од империјални интереси, не само интересите на Руската империја, туку и на другите империи“.
Папата изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за да повика на мир, пренесува „Ројтерс“.
Тој исто така истакна дека ќе се повлече од челото на Католичката црква доколку се чувствува премногу уморен.