Папата Франциск повика на молитви за поранешниот папа Бенедикт, велејќи дека е „многу болен“.
Папата го упати неочекуваниот повик на крајот од општата ауденција без да даде детали.
Во 2013 година, Бенедикт (95) стана првиот папа во последните 600 години кој се откажа од папската функција.
Оттогаш живее во Ватикан.
„Тој е многу болен“
„Би сакал да ве замолам сите вас за посебна молитва за почесниот папа Бенедикт, кој во тишина ја поддржува Црквата. Да се потсетиме на него. Тој е многу болен, молете од Господ да го утеши и поддржи во ова сведоштво за љубов кон Црквата, се до крајот“, рече Франциск.
Од Ватикан немаше директни коментари за здравствената состојба на Бенедикт, а на телефонските повици до неговата резиденција во Ватикан не беше одговорено, наведува британската агенција „Ројтерс“.