Папата Франциск се уште не се чувствува добро поради грипот и пневмонијата

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Папата Франциск денеска изјави дека се уште не се чувствува добро поради грипот и дека е малаксан поради пневмонијата.

„Сè уште не ми е добро поради грипот и малаксан сум“, им рекол тој на верниците собрани во салата Павле Шести на јавната аудиенција во Ватикан, пренесе „Анса“.

Папата Франциск одлучи самиот да не ја чита катехезата и таа задача да му ја довери на еден од неговите помошници.

Ватикан синоќа објави дека папата го откажал патувањето на Конференцијата на ОН за климатски промени во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, кон крајот на оваа недела на барање на неговите лекари, и покрај тоа што неговата општа состојба наводно е подобрена.

Слични содржини