Папата Франциск денеска по велигденската миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан изјави дека е неопходно „да се запрат ветровите над Европа и Медитеранот“, и додаде дека мирот никогаш не се гради со оружје, туку со „потегнување раце и отворање на срцата “.
„Колку страдања гледаме во очите на децата. Децата во тие воени земји заборавија да се насмевнат. Не прашуваат со поглед: зошто? Зошто толку многу смрт? Зошто толку многу уништување? Војната е секогаш апсурд и пораз“, рекол Папата во велигденската порака, пренесува АНСА.
Папата посочил дека актуелните конфликти во светот имаат сериозни последици врз, како што рече, исцрпеното цивилно население, а пред се врз децата.
„Иако повикувам на почитување на принципите на меѓународното право, се надевам на општа размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина: сите за сите. Уште еднаш апелирам за гарантиран пристап до хуманитарна помош во Газа, ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври, како и итен прекин на огнот во појасот“, побарал папата.
Тој се осврнал и на речиси сите кризни ситуации низ светот, изразувајќи тага поради насилството во Хаити и Мјанмар. Предупредил од враќање на етничките тензии на Западен Балкан и посочил дека тој регион особено му е во мислите.
„Особено во мислите ми е Западен Балкан, каде што се преземаат значајни чекори кон интеграција во европскиот проект. Етничките, културните и верските разлики не смеат да бидат причина за поделба, туку треба да станат извор на богатство за цела Европа и целиот свет“, порачал папата.
„Нека етничките, културните и конфесионалните разлики не бидат причина за поделба, туку извор на збогатување за цела Европа и за светот во целина“, додал тој.
Папата водеше велигденско бдение кое траело повеќе од два часа во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Вечерната миса започнала во речиси целосен мрак пред светлата да бидат запалени, означувајќи го преминот од темнина во светлина кога, како што е наведено во Библијата, Исус Христос воскреснал од мртвите. На мисата присуствувале околу 6.000 верници.
Во својата проповед папата Франциско ги повикал христијаните да ја зачуваат својата вера дури и кога се оптоварени со тага, страв или други неволји.