Папата Франциск ја прославува својата 10-годишнина како поглавар на Католичката црква

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Папата Франциск денеска ја одбележа својата десетгодишнина како поглавар на Римокатоличката црква, со миса со кардинали во капелата на ватиканскиот хотел Санта Марта, каде што живее од неговиот избор, пренесе „Vatican News“.

Франциск (86), роден во Аргентина, стана првиот латиноамерикански понтиф на 13 март 2013 година, наследувајќи го Бенедикт XVI, првиот папа во шест века што поднесе оставка.

„Се чини како да беше вчера“, рече тој на подкастот на „Vatican News“ што се емитуваше денеска.

Слични содржини