По церемонијата папата ќе ја направи посета на учтивост на тројцата претседатели, која ќе заврши со размена на подароци. Во претседателството Фрањо ќе има официјална средба со претставници на локалните власти, со дипломатскиот кор, со католички бискупи и поглаварите на другите вери.
За гарантирање на безбедноста на папата за време на посетата на Сараево, ангажирани со 10.000 припадници на безбедносните служби на Босна и Херцеговина и на жандармеријата на Ватикан. Сараево, практично ќе биде под опсада. За средба со папата се пријавиле 4.550 млади односно 150 групи од БиХ, Хрватска, Словенија, Италија и Австрија
Ова е трета посета на католичкиот папа во Сараево. Првото беше на папата Јован Павле Втори во 1997 година, кој во 2003 година ја посети и Бања Лука.
