329
Папата Фрањо го помести времето за одржување на традиционалната миса за Божиќ, на 24 декември, за два часа, поради полицискиот час што беше воведен во Италија поради пандемијата на коронавирус, објави Ватикан.
Затоа, мисата ќе започне во 19:30 часот, наместо вообичаената 21:30 часот, што ќе им овозможи на верниците да се вратат дома до 22 часот, кога ќе започне полицискиот час.
Светиот Престол прецизира дека физичкото присуство на мисите во декември и почетокот на јануари ќе биде „многу ограничено“ и организирано во согласност со епидемиолошките мерки.
Италија е, по Велика Британија, втора земја во Европа според тешките последици од пандемијата на коронавирусот: досега починале 61.739 лица од 1,77 милиони заразени.