Корупцијата е како дрога, од кој стануваме зависни, изјави поглаварот на Римокатоличката црква
70
Корупцијата е како дрога, од кој стануваме зависни. Ова го изјави денес папата Фрањо пред илјадниците верници, кои се собраа на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан, објавена Франс прес и bTV.
“Некои се однесуваат со корупцијата како со дрогата: мислат дека можат да ја користат и да престанат кога ќе побараат” , објаснува папата. Тоа “започнува со малку мала сума тука рушвет, таму…” и така “се губи сопствената слобода”, предупреди тој, додавајќи дека корупцијата води до “привикнување” и создава сиромаштија и страдање. Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика луѓето да се обединат во молитви за мир во вторникот, кога тој ќе се сретне со лидерите на другите религии во градот Асизи, информира Асошиетед прес, пренесоа американските медиуми. Пред верниците на плоштадот “Свети Петар” Фрањо изјави дека “сега, повеќе од било кога, ни треба мир во оваа војна која е насекаде во светот “. Еднодневната посета во Асизи – родното место на светителот чие име го носи – вклучува средба со водачите на Православната и на Англиканската црква, како и со претставниците на исламот и јудаизмот. При соборот во вторникот учесниците христијани ќе се молат во базиликата “Свети Фрањо”, а оние што се со останатите религии – на други места во Асизи. Потоа сите ќе се соберат во базиликата за говорот и размислите на папата.
ПАпата Свети Јован Павле Втори става почеток на традицијата со молитвата во Асизи во 1986 година, потсетуваат агенциите.