Папата Фрањо ги повика владите на земјите во Европа да го изнесат мигрантите и бегалците од центрите каде што се чуваат, и најави дека многу од овие места станаа “концентрациони логори” , пренесе Ројтерс.

За време на посетата во базиликата “Сан Бартоломео” во Рим, каде што се состана со мигранти, папата Фрањо раскажа за своето патување до камп на грчкиот остров Лезбос минатата година. Таму тој се сретнал со муслимански бегалец од Блискиот Исток, кој му раскажал како ” терористите дошле во неговата земја “. Исламистите му го пресекле грлото на неговата сопруга христијанка, бидејќи одбила да  го фрли своејот крст на земјата.

“Не знам дали тој успеал да го напушти овој концентрационен логор, бидејќи бегалските кампови, многу од нив се од концентрационен тип поради големиот број на луѓе во нив”, изјави папата.

Фрањо ги пофали земјите кои им помагаат на бегалците, и им се заблагодари дека го “носат тоа дополнително бреме.

Според зборовите на папата политиките на многу држави покажуваат дека “меѓународните алијанси се поважни од човечките права”.