Папата Франциск доби бројница со охридски бисер и плоча од Влатко Стефановски од Ковачевски

од Берта Китинска
251 прегледи

Почна тет-а-тет средбата на премиерот Димитар Ковачевски со папата Франциск во Ватикан. На денешната средбата на премиерот на папата Франциск му дал неколку подароци.

Како што соопштија од Владата, Ковачевски на папата му подарил рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.

-На аудиенцијата кај Папата Франциск по повод чествувањето на големото дело Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата мисија го ширеа христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и извршија и мисија на поврзување на народите на Европа, ги потврдивме пријателските односи со Светата Столица.Северна Македонија и Ватикан се цврсто поврзани со взаемна почит заснована на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза.Со Папата Франциск се согласивме дека грижата за најранливите наши сограѓани во време на криза и почитувањето на разликите се столбовите на градењето на општество во кое има место за сите и дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, толеранција и човечко достоинство,напиша премиерот на Фејсбук.