Папата Франциск ја почна едноделната турнеја по африканскиот континет во која ќе ги посети Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус, трите земји на кои им се закануваат климатски промени, а покрај тоа, исто така, се и тешко погодени од сиромаштијата и судирите.

Во текот на посетата се очекува тој да го спомене и проблемот на екстремизмот во регионот, што во последните две години стана цел на џихадистите при што погинаа повеќе од 300 лица.