Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан.

Од Рим соопштија дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, објави „Индепендент“.

„Пресветениот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциск на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“, соопшти Ватикан.

Слични содржини