Папата Франциск: Орбан ми кажа дека Путин има намера да ја заврши војната на 9 мај

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Папата Франциск рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му рекол кога се сретнале кон крајот на април дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

„Орбан, кога го сретнав, ми рече дека Русите имаат план, дека се ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. Затоа што сега не е само Донбас, тоа е Крим, Одеса, заземањето на црноморското пристаниште Украина, тоа е сè“, рече папата во интервју за „Кориере дела сера“, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека нема доволно волја за мир.

„Јас сум песимист, но мораме да ги преземеме сите можни чекори за да ја запреме војната“, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој повтори дека е подготвен да отпатува во Москва и да се сретне со Путин, споредувајќи ја војната во Украина со геноцидот во Руанда.

Слични содржини