168
Папата Франциск повика денес да се стави крај на конфликтот во Израел и Газа, наведувајќи дека смртта на толку голем број невини луѓе во изминатите денови, вклучувајќи и деца, е неприфатлива, пренесе „Фена“.
„Повикувам на мир и апелирам до одговорните да го замолчат оружјето и да се придвижат кон мирот“, рече Папата во неделното обраќање пред верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Рим, пренесе Ројтерс.
– Беа убиени многу невини луѓе, вклучително и деца. Тоа е ужасно, неприфатливо. Нивната смрт е знак дека луѓето не сакаат да ја градат иднината, туку да ја уништуваат … Се прашувам до каде ќе доведе омразата и одмаздата? – рече Папата.