146
Папата Франциск денеска ги повика Израел и Палестинците да се вклучат во дијалог во потрага по мир, изразувајќи жалење за неодамнешното насилство во регионот.
Говорејќи по молитвата во Рим, папата рече дека е длабоко тажен од веста за убиените Палестинци за време на израелските антитерористички операции, како и за смртта на израелските Евреи во пукање во синагога во петокот, пренесе „Ројтерс“.
„Со голема болка ги слушам вестите кои доаѓаат од Светата земја… Спиралата на смртта која расте секој ден не прави ништо друго освен да ја убива малата доверба што постои меѓу овие два народа“, рече тој.