Папата: Христијаните да се извинат на хомосексуалците за нанесените навреди

од desk3
87 прегледи

Папата Франциск ги повика христијаните да се извинат на хомосексуалните за нанесените навреди, соопшти Си Ен Ен, цитиран од Клуб Z.

papa

Зборовите на светиот отец, кои поставуваат целосно нов почеток во односот кон оваа група, беа изречени пред новинарите во авионот за време на враќањето на поглаварот на Римокатоличката црква од Ерменија.

“Повторувам дека во катехизмот на Католичката црква е наведено дека тие треба да не бидат дискриминирани, треба да бидат почитувани и да се поддржани во во пастирските дела”, истакна Фрањо.