Папата: Илјадници деца загинаа во виорот на насилство во Газа, Украина и Јемен

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Папата Франциск денеска ја осуди смртта на илјадници деца во „виорот на насилство“ во Појасот Газа, Украина и Јемен. Тој претходно упати повеќе повици за мир и во средата повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ меѓу Израел и милитантите на Хамас.

„Дали знаете колку деца досега загинале во Газа во оваа војна? Повеќе од 3.000. Неверојатно, но вистинито“, рече папата.

„Во Украина ги има повеќе од 500, додека во текот на годините на војната во Јемен има илјадници“, додаде тој. „Сеќавањето за нив нè принудува самите да бидеме светлото на овој свет, да допреме до срцата на многу луѓе, особено на оние кои можат да го запрат овој виор на насилство“.

Слични содржини