Папата им се извини на Ромите поради дискриминацијата

од desk2
122 прегледи

Папата Франциск денеска им се извини на Ромите поради дискриминациите во историјата на кои била подложена оваа заедница во Европа, и им оддаде почит на католиците во Романија, кои биле прогонети за време на владеењето на комунистите.

– Историјата не учи дека на христијаните, вклучувајќи ги и католиците, не им е непознато правење такво зло. Би сакал да побарам прошка од вас поради тоа, рече папата на последниот ден од тридневната посета на Романија.

Папата им се извини на Ромите поради „многубројните искуства“ што ги имале кога станува збор за дискриминација, сегрегација и малтретирање.

На крајот од посетата на папата на Романија, на аеродромот во Сибиу е одржана церемонија по повод неговото заминување, на која присуствуваше и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Папата Франциск потоа замина за Ватикан.