Папата морал да го прекине говорот, го нападнал бронхитис

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Папата Франциск денеска не можел да го заврши својот говор за време на обраќањето пред група француски експерти за верска комуникација, жалејќи се на бронхитис.

Папата Франциск се сретна со учесниците на симпозиумот Universite des Communications en Eglise организиран од Француската бискупска конференција, но морал да го прекине неговиот поздравен говор.

„Би сакал да го прочитам целиот мој говор, но има проблем. Ме нападна бронхитис“, со рапав глас изјавил 87-годишниот папа.

Пред тоа, папата веќе одржа говори за време на средбата со млади експерти и Комитетот за унапредување на односите меѓу католичката, православната и источнохристијанската црква.

Но, подоцна не можел да им го прочита говорот на членовите на католичкото научно тело, па тие го добиле во писмена форма, соопшти Ватикан.

Во ноември, папата се разболе од акутна пневмонија, поради што беше принуден да ја откаже планираната посета на Дубаи, каде што се одржуваше самитот за климата COP28.

Слични содржини