Папата: Озборувањето е најголемиот вирус, полош од пандемијата на корона

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Озборувањето и зборувањето во празно е „зло, поужасно од Ковид-19“, рече папата Франциск во неделата од неговиот прозорец на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Кога ќе видиме грешка или пад кај брат или сестра, првото нешто што го правиме е да разговараме за тоа со другите. Озборуваме“, рече Папата.

Озборувањето го нарушува заедништвото на Црквата, рече тој, и ги спореди озборувањата со ѓаволот што се шета и сее лаги за другите.

„Тој сака да ги држи браќата подалеку за да не можат да се причестуваат. Ве молам, браќа, да не озборуваме! Озборувањето е најголемиот вирус, полош од пандемијата на коронавирус!“

Тој ги повика верниците дискретно, приватно да ги предупредуваат луѓето кога ќе погрешат.

Слични содржини