Папата примен во болница поради респираторна инфекција

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Папата Франциск има респираторна инфекција и ќе мора да помине „неколку дена“ во болница во Рим, соопшти Ватикан.

Папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид, се додава во соопштението, цитирано од Би-би-си.

Папата боледува од дивертикулитис, инфекција или воспаление на дебелото црево, а во 2021 година беше опериран и му беше отстранет дел од дебелото црево.

Претходно оваа година, папата рече дека инфекцијата се вратила, поради што се здебелил, но рече дека не е премногу загрижен.

Поглаварот на Римокатоличката црква има проблем и со коленото, поради што за време на јавните настапи му помагаат стап и инвалидска количка.

Слични содржини