Папата се моли за Либан и повика на меѓународна солидарност

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Денес, папата Франциск изрази солидарност со Либан и повторно повика да и се помогне оваа земја, пет дена по експлозијата што уништи голем дел од главниот град Бејрут.

„Деновиве, моите мисли честопати се враќаат во Либан. Катастрофата од минатиот вторник не повикува сите нас, почнувајќи од Либанците, да соработуваме за заедничко добро“, рече папата по неделната молитва од балконот на плоштадот Свети Петар.

Папата рече дека Либан имал „посебен идентитет“ и дека е „пример за заедничко живеење“ и дека се молел Либан да се „роди повторно слободен и силен“.

Тој, исто така, го повтори својот апел за „дарежлива помош“ од меѓународната заедница во Либан, поздравувајќи група Либанци на Плоштадот чие знаме го забележа.

Франција организира меѓународна видео конференција денес за да му помогне на Либан, три дена по посетата на нејзиниот претседател Емануел Макрон на Бејрут, каде експлозија на складирани хемикалии, како резултат на небрежност и корупција, уби 160, а повреди околу 6.000 луѓе, и уништи стотици згради.

Случката го засили масовниот револт на граѓаните против владата,кои во изминативе денови излегуваат на протести.