Папата со осуда за „милитантниот национализам“, повика на паневропски одговор на проблемот со миграцијата

од Vladimir Zorba
433 прегледи

Папата Франциск денеска го осуди, како што наведе, „милитантниот национализам“ и повика на паневропски одговор на проблемот со миграцијата преку Средоземното Море во која се удавија илјадници луѓе, поради што, според Папата, Медитеранот станал „гробишта на достоинството“.

Во долгиот говор со кој заврши црковната конференција за Медитеранот одржана во Марсеј, француско пристаниште кое со векови е крстопат на култури и религии, поглаварот на Римокатоличката црква се залагаше за добредојде на мигрантите, пренесува Ројтерс.

„Има крик на болка што најмногу одекнува и ги претвора Медитеранот, „mare nostrum“ (нашето море) и лулката на цивилизацијата, во „mare mortuum“ (гробишта на достоинството). Тоа е придушен крик на бегалецот, браќа и сестри“, рече папата.

Слични содржини