Папата со “вистината на културен начин”: Медиумите да не се занимаваат со копрофилија, бидејќи луѓето се поддаваат на копрофагија!

од desk3
108 прегледи

“Мислам дека медиумите треба да бидат многу чисти, многу транспарентни и да не подлегнуваат – без да се навредувате – на болеста на копрофилија, односно секогаш да сакаат да пишуваат за скандали, да одразуваат одвратни нешта, дури тие да навистина да се случиле. ”

Ова го изјави папата Фрањо како одговор на прашањето што мисли за правилна употреба на медиумите.

Во својот одговор тој користи латинскиот збор кој буквално значи “допаѓање на испразнување “. Потоа продолжи: “И бидејќи луѓето имаат тенденција да се поддаваат на копрофагијата (” конзумирање на столица “), можат да бидат нанесени многу штети.”

“Ројтерс” коментира дека цитатите се од дадено на шпански интервју на Светиот отец за белгискиот католички неделник “Терцио” (Tertio) и дека тоа е најостриот јазик, кој родениот во Аргентина Папа, го користел некогаш на адреса на медиумите.

Фрањо вели дека ширењето на дезинформации е “веројатно најголемата штета која медиумите можат да сторат”. Грев е да се користат медиумите не за да биде образовано општеството, а за манипулирањре и оцрнување на луѓето, особено во политиката, додаде тој.

Најголемите штети медиумите ги нанесуваат со ширењето на дезинформации, бидејќи “тие го насочуваат јавното мислење само во една насока и пропушта друг дел од вистината”, објасни уште папата.