Папата Франциск, кој поради здравствени причини не може да присуствува на климатскиот самит на ОН, COP28, денеска ги повика светските лидери на самитот во Дубаи да направат чекор напред во борбата против глобалниот пораст на температурата.
Во говорот што го прочита државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, поради лошата здравствена состојба на папата, Франциск го нарече уништувањето на животната средина „навреда за Бога“, пренесува Ројтерс.
„Јас сум со вас затоа што уништувањето на животната средина е навреда за Бога. Браќа и сестри, неопходно е да се направи пробив што не е делумна промена на курсот, туку нов пристап за заеднички напредок“, им порача на светот папата Франциск на лидерите на самитот за климата во Дубаи.
Домаќини на средбата во Дубаи се претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.