349
Папата Франциск денеска изјави дека воената индустрија е клучен двигател на страдањата на украинскиот народ во војната со Русија, велејќи дека дури и ако сега им се скрати оружјето, ќе продолжи нивното страдање.
Папата призна дека е разочаран што дипломатските иницијативи на Ватикан не вродиле со плод, но рече дека и индустријата за оружје стои зад конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесе АП.
Тој го опиша парадоксот што ја направи Украина „маченичка нација“, дека на почетокот многу земји и давале оружје на Украина, а сега и го земаат.