Папазов поднесе оставка, бил на разговор во полиција

од Nikola Popovski
672 прегледи

Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Вели дека „не постојат зборови што можат да се опише болката што ја чувствуваме сите“. Информацијата ја сподели лично тој на својот Фејсбук-профил.

-Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна. Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се’, како и за моите лични постапки, порача меѓу друго градоначалникот.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека Папазов бил повикан во соодветно својство и бил извршен разговор со него.

-Доколку биде утврдена било каква вина, не само против туку против било кој, ќе се преземат соодветни постапки. Оставката е веројатно по морални причини, рече кратко првиот полицаец во државата на прес-конференција.

Слични содржини