Почесниот конзул на Косово во Македонија и познат стопанственик од земјава, Арсим Папранику денеска бил во полициската станица во Карпош, каде што бил повикан на информативен разговор.
Тој беше спомнат како придружник на Артан Груби во моментот кога екс-вицепремиерот ја напуштил државата и замина во Косово, непосредно пред спроведувањето на полициската акција за проневерата во државната „Лотарија“.
Според првичните информации, бизнисменот го превезувал Груби со неговото возило со дипломатски таблички. Папранику има и дипломатски пасош. Тој е сопственик на ланецот продавници „Нептун“ и косопственик на ТЦ „Ист Гејт Мол“.
Во меѓувреме, на Груби вчера му беше одреден 30-дневен притвор, а веќе е распишана меѓународна потерница по него и по екс-директорот на „Лотарија“, Прпарим Бајрами.