Пар се венча меѓу мраз на Антартикот

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Има младенци кои не го чекаат убавото време за да направат свадба. Напротив, тие се подготвени да одат на најстуденото место на планетата, за да се венчаат.c25c5b7feb3085f6466eba084d6ee27b

Американско-тајванската телевизиска водителка Џенет Хиш се омажи за британскиот актер Џорџ Јанг на најстудениот континент – Антарктикот.

Вљубените станаа сопруг и сопруга на глечер, во непосредна близина на една колонија пингвини.

Преубавите слики ги покажуваат младоженците на нестандардниот свадбен ден.

Невестата објаснува зошто на крајот одлучиле да се венчаат во Антарктикот со зборовите: “Јас секогаш сум била мечтателка и овој пат  ги претворив соништата во реалност.”

Фото: quora.com

Во 2011 година, Џенет заминува на службено патување во Аргентина или поконкретно во Ушуаја – најјужниот град во светот.

Во текот на неколку дена таа се насладува на бродови кои заминувале од пристаништето во насока на 7-миот континент – земјата на пингвините.

“Многу сакав да се качам на некој од овие бродови или да се скријам некаде на палубата. Но за жал, тоа така и не се случи. Неколку години подоцна мама и тато одлучија да одат на крстарење до Антарктикот со свои пријатели и ме прашаа дали сакам да се придружам. Еден поглед на трошоците за патување ме натера да ги убедам да ги откажат своите резервации, бидејќи беа премногу скапи за пензионери. ”

Џенет со своите родители; Фото: quora.com

На крајот Џенет наоѓа поевтина понуда и го поканува и својот омилен Џорџ да ја придружува, иако самиот тој не бил авантуристички настроен.

Тој од своја страна ги поканил своите родители на патувањето, со идејата тие да се запознаат со родителите на Џенет, бидејќи живееле на различни континенти.

На крајот Јанг се пошегувал дека откако ќе патуваат во друштво на своите родители, можеби е вистинскиот момент да се венчаат токму на Антарктикот. Откако двајцата ја разгледале идејата одлучиле да ја остварат.

Фото: quora.com

Вљубените откриле во Google дека има мала црква во Антарктикот, на остров “Кинг Џорџ”, но таа била руски православен храм.

За среќа Џорџ всушност бил православен христијанин и според нив тоа било знак на судбината дека треба да направат свадба.

Целата церемонија која се одржала во јануари 2015-та, траела само околу 15 минути.

Џорџ со родителите; Фото: quora.com