323
Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“
Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.