Парадата на гордоста во Белград ќе биде одложена или откажана

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска соопшти дека Европрајд ќе биде одложена или откажана.

„Парадата на гордоста, што беше закажана за месец септември, ќе биде одложена или откажана, како сакате. Или како и да се вика тоа чудо, не е ни важно“, изјави денеска Вучиќ и додаде дека премиерот и членовите на Владата „се ќе објаснат согласно законот“.

Тој додаде дека Европрајд не може да се одржи поради „актуелната политичка ситуација во Србија“.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, но не можеме во овој момент, кога го имаме Отворениот Балкан и кризата на Косово“, рече Вучиќ.

Слични содржини