Парамор се враќаат со нов албум

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Рок групата “Парамор” се враќа со својот прв албум по 4 години, а со него и со нов сингл и турнеја во Велика Британија и Европа. Во средата американската банда го пушти видеото кон поп-рок нумерата Hard Times – првиот сингл од долгоочекуваниот албум на групата, кој ќе се појави на пазарот по речиси 4-годишниот “одмор” од музичката сцена.

Со видеото стана официјален и датумот за релиз на албумот со наслов After Laughter ( “По смеењето”), имено – 12 мај оваа година. К

ако што објавија “Билборд” ова е прв албум кој групата го снимила во родниот град Нешвил. Освен тоа, со него се одбележува и враќањето на Зак Фаро – тапанарот, кој ја напушти оригиналниот состав на “Парамор” пред околу 7 години.

Во меѓувреме Хејли и компанијата ќе започнат во јуни и турнеја, која ќе вклучува 6 датуми за Велика Британија и Ирска. Подоцна во текот на летото, пак им претстојат учества во Германија, Холандија, Франција, Австрија, Унгарија, Чешка, Шведска, Данска и Норвешка. Продажбата на билетите за речиси сите дати ќе започне следниот петок, 28 април.