419
Филмот „Паразит“ на неодамнешните Оскари собра четири значајни награди, меѓу кои и оние за Најдобро оригинално сценарио, Најдобра режија, Најдобар интернационален филм и Најдобар филм.
Многумина би очекувале дека токму „Паразит“ е вистински хит во матичната земја, но всушност, постои друг филм кој веќе го надмина во популарноста и заработката.
Корејскиот хорор „Плакарот“ (The Closet) за само три дена прикажување во Јужна Кореја, заработи 3,7 милиони долари.
Приказната, всушност е веќе видена. Главниот лик останува вдовец, а неговата ќерка почнува да зборува за нејзиниот пријател од плакарот, кој дури и има име.
Сценарист и режисер е Конг-бин Ким, а воедно ова е и негов режисерски првенец.