„Паразити“ – ВМРО-ДПМНЕ најавува нова афера

од Vladimir Zorba
166 прегледи

„Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари, во понеделник нова афера „Паразити”, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шест цифрени приходи.

Кој се богати додека народот страда?

Кои се „паразитите“ на општеството? Додека платите на народот ги јаде инфлација, нивните примања се преголеми за воопшто да го почувствуваат ударот.“, се вели во најавата.

Слични содржини